На изборот за World Next Top Model за 2023 година кој се одржа во Бејрут, Либан прекрасната 18-годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, ја освои титулата за најдобро тело – MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Победничка на World Next Top Model за 2023 е претставничката на Казахстан, Прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија.
