Коњалти со пресврт славеше со 32-33 на гостувањето против шампионот Кастамону, иако на паузата губеше високо со 18-12. Со оваа победа Коњалти намали на 2-1 во победи во трката за титулата во Турција.
Македонката Моника Јанеска со 12 гола беше фантастична и најдобра на теренот, додека втората наша репрезентативка Ивана Гакидова постигна 1 погодок.