Во рамките на Купот на Македонија, тимовите на ЖФК Топ Гол од Битола и ЖФК Деспина од Прилеп се пласираа во 1/4 финалето во Купот на Македонија, откако двете екипи имаа успешна 1/8 финална епизода, каде што се игра само еден натпревар и сега само ќе ја чекаат следната ждрепка.
Тимот на ЖФК Деспина среде Скопје во ефикасен натпревар го елиминираа, тимот на ЖФК Скопје со резултат од 2:4. Од друга страна пак екипата на ЖФК Топ Гол беше поуспешна со резултат од 2:1 против ЖФК Речица. Головите за домашната екипа ги постигнаа Бумбаровска и Петровска, додека за гостинските фудбалерки гол даде Николовска.



