Откако вчера загуби на отворањето на турнирот во Врњачка бања од домаќинот Србија со 3:0, македонската репрезентација за одбојкарки до 16 години (генерација 2006 и помлади) претрпе идентичен пораз и во денешното второ коло, но од селекцијата на Бугарија.

Иако до крајот на квалификациите за претстојното Европско првенство има уште два натпревара, тешко е да се очекува дека нашиот национален состав ќе може да направи нешто повеќе во резултатска смисла, но останува мала надеж дека ќе може да го поправи впечатокот. Македонските одбојкарки утре ќе играат со Турција, а во петок со Романија.

Со оглед дека само првопласираниот ќе обезбеди директен влез на континеталниот самит во периодот од 10-18 јули во Ниџерхаза, Унгарија и во Хумене, Словачка, нашите девојки ќе продолжат во вториот круг од квалификациите закажан за почетокот на мај (6-9). Тогаш ќе бидат одиграни пет турнири со по четири репрезентации од сите пет зонски асицијации на ЦЕВ во коишто е и нашата, балканска.

Распоред на натпревари – квалификации за ЕП 2021 (пионерки) – 1.зонски турнир
1.КОЛО (вторник)
СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:0 (26:16, 25:13, 25:12)
ТУРЦИЈА – РОМАНИЈА 3:0 (25:19, 25:21, 25:23)
2.КОЛО (денеска)
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА 0:3 (9:25, 10:25, 6:25)
СРБИЈА – РОМАНИЈА (19.00)
3.КОЛО (утре)
МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА (16.30)
СРБИЈА – БУГАРИЈА (19.00)
4.КОЛО (ПЕТОК)
МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА (16.30)
БУГАРИЈА – ТУРЦИЈА (19.00)
5.КОЛО (САБОТА)
БУГАРИЈА – РОМАНИЈА (12.00)
СРБИЈА – ТУРЦИЈА (14.30).
Фото и извор: Одбојкарска федерација на Македонија @volleyballmkd



