Во рамките на Купот на Македонија, тимот на ЖФК Ас Јунајтед на домашен терен во Струга славеше сигурна победа со резултат од 5:1 против ЖФК Борец од Велес.
Натпреварот помина во фер и коректна атмосфера, а најзаслужни за триумфот се Илза Максути која беше двоен стрелец, а по еден гол беа дело на: Арлинда Адили, Александра Рубаноска и Теодора Далческа. Единствениот гол за велешанки го постигна Елма Шемсовиќ.




