Во пријателски натпревар помеѓу ЖФК Тиверија од Струмица и ЖФК Борец од Велес, до победа стигна Тиверија со триумф од 3:1. Погодоците за струмичанки ги постигнаа Николовска во улога на двоен стрелец и еден гол беше дело на автогол на противничките фудбалерки.
На овој начин кога нозете се тешки од тренинзите ваквите контролни средби се добредојдени за тимовите. ЖФК Тиверија гради победничка атмосфера за стартот на вториот дел од сезоната во Прва МФЛ.
Фото: Tiverija Strumica Women’s FC



