Во рамките на првата кипарска лига, на натпреварот помеѓу Аел Лимасол и Пафос средбата заврши со победа од 1:0 за домаќините. Единствениот гол за домаќините го постигна капитенот на младинската репрезентација на Македонија до У-21 Давор Здравковски со победнички гол во 47 минута кој се покажа доволно за победа и заземање на врвот на табелата.