Најтрофејниот македонски клуб, КК Работнички загуби дома со 78:81 од тимот на КК Кожув. Бодовите заминуваат за Гевгелија, а единствен кошаркар во таборот на домаќините кој пружи кавлитетна игра беше репрезентативецот Кирил Николовски кој постигна 29 коша, додека најзаслужни за победата на Кожув се Силаџи и Станоевиќ кои искомбинираа 35 поени.