На тешкото гостување во Тетово, минатогодишниот шампион ЖФК Каменица Саса оствари важна победа за нови три бода во првенството против ЖФК Љуботен. Оваа сезона борбата за висок пласман ќе биде жестока од причина што неколку екипи изразија големи амбиции.
Во рамките на 10 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар гостинската екипа на ЖФК Каменица Саса рутинирано стигна до победа од 0:7. Стрелци во победничкиот табор беа Марјана Нацева која што дури 5 пати успешно стрелаше во противничката мрежа, додека по еден гол запишаа Ана Димитровска и Ленче Андреевска.



