Младоста е гаранција дека во иднина тимот ќе созрева и дека ќе може да се очекуваат резултати. Во ваква ситуација е и талентираната екипа на ЖФК Топ Гол која што од натпревар во нов натпревар прикажува квалитетна игра и е во борба за бодови.
Во рамките на 10 коло од Прва ЖФЛ во Битола во фер и коректен натпревар, тимот на ЖФК Топ Гол оствари триумф од 3:0 над екипата ЖФК Борец од Велес. Хет-Трик на овој натпревар постигна Гелевска и на тој начин на својата екипа и донесе важни три бода.