Значајна и многу важна гостинска победа на ЖФК Истатов во Тетово против ЖФК Љуботен во рамките на шесто коло од Прва ЖФЛ. Истатовки ја прекинаа низата на порази, а од друга страна и низата на два триумфа по ред на тетовчанки, каде што резултатот гласеше 0:4 на полувреме беше 0:0.
ЖФК Истатов дојде до триумф откако го скрши отпорот во вториот дел со два гола на Радица Чонева и по еден гол на Бојана Петкова и Кристина Петрушевска. Инаку натпреварот помина во фер и коректна игра на двете страни.