Eкипата на Линц во шампионатот на Австрија во првото коло загуби на гостувањето против Грац со 25-22. Македонскиот интернационалец Никола Костески во првото коло започна без грешка со 5 гола од 5 обиди и беше најдобар стрелец во тимот на Линц и втор стрелец на мечот зад Неманја Белос од Грац со 7 гола од 9 обиди.




