Оваа полусезона е најфренкфентна во женскиот прволигашки фудбал. Уште неофицијално не започнат преодниот рок повеќето прволигашки клубови веќе договорија нови засилувања.
Серијата на промена на клупски дрес ја започна капитенката на ЖФК Скопје, Афродита Салихи и нејзиниот трансфер во ЖФК Шкендија, потоа продолжија со интернационалните трансфери ЖФК Љуботен, а промени имаа и ЖФК Топ Гол од Битола и ЖФК Истатов.
На ред им дојде на ЖФК Борец од Велес и тие одеднаш во своите редови доведоа три проверени прволигашки имања и тоа Елма Шемсовиќ, Јана Ацковска и Теодора Георгиевска. да се напомене дека Елма Шемсовиќ беше стандарден член на ЖФК Скопје и репрезентативна првотимка.