Англискито репрезентативец Деклан Рајс ја одбил понудата на Манчестер Jунајтед и сака да остане во Лондон, па ако си замине од Вест Хем неговата желба е да игра за Челзи.
Англиските медиуми објавија дека ,,Црвените ѓаволи” сакаат да го ангажираат Рајс, но и дека 21-годишниот играч за врска на Вест Хем не сака да дојде на „Олд Трафорд“. Рајс е дете на Челзи, но во 2013 година ја напушти младинската Академија на сините од „Стемфорд Бриџ“ и се пресели во Вест Хем.
Една од причините за одбивањето на големиот гигант е тоа што во таборот на Челзи игра најдобриот другар на Рајс, а тоа е Маунт и двајцата од наредна сезона сакаат да играат во ист тим.