Хувентуд Бадалона вонредно го одигра дуелот со Мурсија и стигна до убедлива и важна победа. Во најефикасниот за нив натпревар од првиот дел во најсилната европска лига, „зелено-црните“ славеа со резултат од 104:93.
За нецели 20.минути поминати во игра, репрезентативниот плејмејкер, Ненад Димитријевиќ имаше одличен ефект од 11 поени и 4 асистенции до соиграчите. По 17 одиграни кола, Хувентуд Бадалона е на делба на петтото место на табелата во „Ендеса“ лигата.
Фото и извор: https://kfsm.mk/



