Вашингтон Стејт Универзитетот ја продолжи својата победничка серија во НЦАА по најновиот триумф овој пат над екипата на Нортвестерн Стејт од 62:52. За Вашингтон ова е осма победа во сезоната и се на челната позиција во дивизијата Пацифик 12, со максимален скор по осум одиграни мечеви.
Андреј Јакимовски доби на располагање 24 минути, во кој успеа да постигне три поени и тоа од линијата за слободни фрлања, а освен тоа постави личен рекорд од 12 остварени скока.
Следниот натпревар на Вашинтон Стејт е на последниот ден од оваа година, против Аризона Стејт, десеттопласираната екипа во истата дивизија, каде што Јакимовски и сиграчите ќе имаат можност за нов позитивен резултат и победнички да ја заокружат оваа 2020 година.
Фото:https://kfsm.mk/



