Вардар денес со почеток од 20:45 часот го пречекува Мешков Брест во натпревар од Лигата на шампионите. Веселин Вујовиќ се надева на голема поддршка од навивачите.
“Треба да се надминеме себе за да го победиме Мешков. Тие имаат сигурен клуб, буџет, можат да носат сериозни играчи, иако сите знаеме дека сѐ се врти околу Скубе. Ние без навивачи во сала не сме Вардар. Колку од ‘Комити’ ќе дојдат не знам, но секако би ни значело да бидат во голем број”-изјави Вујовиќ.