Вардар денес со почеток од 20:45 часот го пречекува Мешков Брест во натпревар од Лигата на шампионите. Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов се надева дека заедно со публиката ќе слават победа.
„Тренерот кажа сѐ. Играме против Мешков, во првото коло одигравме чуден меч што можевме да го добиеме и да го загубиме, а реми можеби беше најреално. Нѐ чекаат три меча во серија, но важен е Мешков Брест, дома пред публика после долго време. Имаме двајца нови играчи, а немаме доволно време. Се случувало и порано, но тоа е тоа. Се надевам дека ќе одиграме најдобро што можеме и ќе победиме заедно со публиката“, изјави капитенот Стоилов.