
На саботната програма од Светскиот куп во крос-кантри во Лилехамер (Норвешка) се одржаа вторите овосезонски спринтови, односно први во слободен стил.
Во женска конкуренција, до втората победа во сезоната, а воедно и во кариерата дојде Швеѓанката Ема Рибом (3:20,4).
На втората позиција се искачи нејзината сонародничка Маја Далквист (+0,1), а водечката во генералниот пласман, Тирил Уднес Венг (+1,1) беше трета.
Во финалето се пласираа уште: Џеси Дигинс (+2,2), Викторија Карл (+5,6) и Јохана Хегстром (+9,4).
Кај мажите, четвртата овосезонска победа ја запиша Јоханес Клебо (2:56,4), кој доминантно ја помина целната линија дури и со предвремено славење.
Второто место го освои Италијанецот Федерико Пелегрино (+0,8), додека третопласиран беше Евен Нортуг (+1,3) пред Едвин Ангер (+1,5), Паал Голберг (+1,7) и Ансгар Евенсен (+24,9).