Во рамките на второто коло од групата А во Лигата на шампиони во ватерполо, Југ од Дубровник се соочи со францускиот Марсеј.
Марсеј, моментално, ја поседува една од најквалитетните екипи од Франција во последните две децении, но сепак тоа не беше доволно за да избегнат пораз од 11-10 од хрватските претставници.
Клучен елемент за победата на Југ беше почетната серија од четири врзани голови за 4-1 после првата, односно за 8-3 после втората четвртина.
Марсеј го доби второто полувреме со солидни 7-3, доволни само за ублажување на поразот.
Најефикасните играчи на мечот беа Лорен Фатовиќ (Југ) и Уго Крусила (Марсеј) со по три погодоци.
За Југ, ова беше втора победа во два дена, откако вчера го порази Шпандау 04 со 13-7, за заземање на првото место во својата група. Од друга страна, Марсеј го запиша и вториот пораз, по вчерашниот од Про Реко (11-9).



