Осумнаесеттото коло на словенечката Прва Лига го започнаа екипите на Браво и на Олимпија Љубљана, во Шишка – најнаселената населба во главниот град на Словенија.
Иако Олимпија беше голем фаворит на хартија, сепак Браво успеа да ја сочува својата мрежа и да избори реми од 0-0.
Домаќините, во финишот, имаа шанса дури и да ги освојат сите три поени, откако, на две минути пред крајот, Олимпија остана со играч помалку. Имено, поранешниот фудбалер на Риека и на Рапид Виена, Иван Мочиниќ, заработи втор жолт картон.
Петтиот врзан натпревар без пораз му го донесе на Браво петтото место на табелата, со девет поени помалку во однос на позициите што носат во Европа. Од друга страна, Олимпија изби на второто место, но има натпревар повеќе во однос на најблиските ривали.



