Интернационалната Т20 серија помеѓу Англија и Јужна Африка се состои од три крикет натпревари во Т20 формат.
Првиот меч го добија Англичаните, а денес триумфираа и по вторпат со резултат од 146/6 (20) – 150/6 (19.5).
Јужноафриканските удирачи беа колективно несолидни, а најефикасен беше Квинтон де Кок со само 30 поени.
Во првиот ининг, од англиските фрлачи, Адил Рашид беше најдобар со учинок од 2-23.
Во вториот ининг, Давид Малан удираше најдобро за англиската селекција, забележувајќи 55 поени. Од домашните фрлачи, три викети освои Табраиз Шамси (3-19), елиминирајќи ги ѕвездите Џос Батлер, Џони Беирстоу и Бен Стоукс.



