Третата трка од новата МотоГП сезона се одвиваше денес во Алгарве, Португалија.
На неа, по вторпат во низа, до победата дојде освојувачот на пол-позицијата, Фабио Квартараро, кој славеше по петти пат во кариерата.
На второто место, во возбудлива завршница, се пласираше Франческо Бањаја, пред актуелниот шампион, Жоан Мир.
Во продолжение, пласман во првите пет изборија уште Франко Морбидели и Бред Биндер.
Повратникот на патеката, Марк Маркез, го освои солидното седмо место, заостанувајќи над четири секунди зад шестопласираниот Алеиш Еспаргаро.
Во пресрет на трката, водечки во вкупниот поредок беше Жоан Зарко, кој не ја заврши трката исто како и Алекс Ринс, Валентино Роси, Џек Милер и Пол Еспаргаро.
Во Мото 2 категоријата, славеше Шпанецот Раул Фернандез, додека во Мото 3, во фото-финиш, Педро Акоста го надмудри Денис Фоџа.
📸 Steve Wobser/Getty Images