Во меч од 7.коло на Суперлигата екипата на Пролет славеше против Струга со 27-21 (полувреме 16-13). Тешкиот меч против лутиот ривал Охрид во четвртокот си го направи своетот па Струга се држеше само 30 минути. Во вториот дел заморот си го направи своето па Пролет стигна до заслужена победа.
Најдобар кај Пролет со 11 постигнати гола беше Давор Палевски, додека кајј Струга, Јанкуловски и Ракочија постигнаа по 4 голови.



