Втората најквалитетна хокеарска лига во светот, КХЛ, се врати после паузата од четири дена.
На денешната програма имаше само еден меч, во којшто се соочија Динамо Рига и Нефтехимик Нижњекамск.
И двата тима, во пресрет на меѓусебниот меч, ги заземаа последните позиции во своите конференции.
До победата стигнаа гостите од Нижњекамск, кои славеа со 1-3 и ја прекинаа својата негативна серија од шест врзани порази.
За летонскиот состав, ова беше ,,јубилеен” десетти последователен пораз и трет во низа од денешниот ривал.
Во првата третина, Рафаел Бикмулин му донесе водство на Нефтехимик, а Динамо израмни во средината на вториот период преку Зек Митчел.
Сепак, поволниот резултат за домаќините траеше само две минути, бидејќи Булат Шафигулин и Либор Худачек го поставија конечниот резултат.



