Во рамките на второ квалификациско коло од групната фаза втора последователна победа за Македонија, по триумфот во Скопје над Финска, сега ја поразивме Швајцарија на гостински терен со резултат 23:25 на полувреме беше 10:10.
По изедначеното прво полувреме кога по првите 30 минути имавме реми во второто полувреме домаќините имаа еден период и три разлика, но по нашиот свикан тајм-аут направивме пресврт и до крај ја одржувавме предноста до самиот крај.
Во победничкиот табор Митревки имаше 7 одбрани, вториот голман Томовски помогна со 3 одбрани, а повторно најдобар стрелец беше Кирил Лазаров со 6 гола пред Столе Стоилов со 5, додека Филип Кузмановски и непогрешлилиот Гоце Георгиевски имаа по 4 постигнати гола.



