
После само десет месеци ангажман, отказ од кормилото на Вотфорд доби Шпанецот Чиско Муњоз.
Италијанските сопственици, кои исто така го поседуваат и калчолигашот Удинезе, сменија вкупно четиринаесет различни тренери во последните десет години.
Сепак, врската на ,,Стршлените” со италијанскиот фудбал дополнително се зголеми, откако местото на Муњоз го зазеде Клаудио Раниери.
Искусниот италијански стратег е познат во Премиер лигата по тоа што во 2015/16 ја освои шампионската титула со Лестер.
Како фудбалер, Раниери ги бранеше боите на вкупно четири екипи, односно Рома, Катанцаро, Катанија и Палермо.
Од 1986 заплива во тренерските води, најпрво како селектор на Вигор Ламеција, а потоа и на неколку врвни клубови.
Од англиското поднебје, 69-годишникот ги предводеше Челзи, Лестер и Фулам, а големи успеси забележа и во својата родна земја.



