Серијата од единаесет последователни победи на Јокерит беше прекината денес од страна на Трактор Чељабинск после пенали.
На мечот, домаќините од Истокот поведоа со 2-0 после 22 минути игра преку седмиот гол на Никита Тертишни, односно преку првиот на Марсел Шолохов.
Финците успеаја да се вратат во игра благодарение на Никлас Јенсен и на Џордан Шредер, кои ја затресоа мрежата на Роман Вил во втората и во третата третина.
Резултатот од 2-2 беше активен сè до крајот и на дополнителниот период, после кој следуваше пенал-серијата, добиена од Трактор со 2-1.
За ,,Мечките”, прецизни изведувачи беа Владимир Ткачјов и Томаш Хика, додека единствен голгетер на ,,Џокерите” беше Кале Косила.
И покрај поразот, Јокерит остана на водечката позиција во Западната конференција, додека Трактор скокна на второто место на Истокот.
На овој натпревар, хокеарите на домашниот состав настапија со специјални дресови, дизајнирани да покажат поддршка за луѓето со церебрална парализа.