Војдан Стојановски доживеа голем пех и тешка повреда на коленото на тренинг со својот клуб Гравелин во Франција и ќе мора долго да паузира, според првите прогнози веријатно и цели шест месеци.
Капитенот на македонската репрезентација при едно движење незгодно доскочил и има скинати предни вкрстени лигаменти на коленото, што е една од најтешките повреди кај спортистите.