Кога сите европски натпреварувања се под закана од Корона вирусот и има вонредна состојба, а домашните првенства се во ,,мирување” извесен период додека се стабилизира состојбата, има неколку држави во кои што сеуште се игра фудбал.
Најупорни и најхрабри се во првенствата во Србија, Унгарија, Русија, Украина и Турција. Освен тоа голем број на македонски интернационалци имаа можност и под вакви околности да играат фудбал.
Во Турција Ердон Даци беше на клупата за резерви за тимот на Коњаспор, додека во Унгарија се одигра македонско дерби во кое што на едната страна беа Висар Муслиу (Мол Фехервар) и ДВТК каде настапува Мирко Ивановски. Во Србија играа фудбал Остоја Стјепјановиќ, Александар Тодоровски, Бобан Георгиев и Марко Ѓорѓиевски.