Елмир Гарџан, Марио Вегар, Невен Стјепановиќ, Милан Ѓукиќ и Милорад Кукоски ја продолжија верноста кон клубот, а освен тоа беа доведени уште Танкоски од Металург и босанскиот репрезентативец Јосип Периќ кој дојде од Бундес лигата од тимот на Гепинген.
Последен кој пристигнува во Битола е младиот ракометар на РК Вардар, Дејан Кукуловски. Со тоа Еурофарм продолжува да го гради тимот на наредната сезона каде планира атак на шампионската титула во домашниот шампионат.



