Голманот на Металург, Даниел Дупјачанец, и кружниот напаѓач, Милан Лазаревски, ги продолжија договорите со Металург.
“Првиот голман на нашиот тим и секоја година се подобриот Милан Лазаревски потпишаа нови едногодишни договори со Металург и им се приклучија на Мартин Серафимов, Иракли Кбилашвили, Маријан Мариќ, Лука Вујовиќ, Дарко Кондев, Стефан Додиќ и Михајло Младеновиќ, кои имаат валидни договори со нашиот клуб.” – стои на веб страната на Металург.