“ПРВА ПОБЕДА ЗА ГОРЈАН ПЕШЕВ ОД СКОПЈЕ!
– Втор Кире Василев од Струмица пред Наум Танески од Струга. Синоќа се одигра редовниот турнир од “Macedonian Champuonship” на кој победник беше Горјан Пешев. Претходно тој имаше две втори места па најпосле синоќа дојде и до победа. Втор заврши Кире Василев од Струмица кој моментално е во Германија, а трето пласиран беше НАУМ ТАНЕСКИ од Струга. Дејан Беатовиќ заврши како 4ти пред Миле Донов од Гевгелија на 5то место.Лидерот Петар Филипов беше 6ти за зацврстување на водечката позиција, шесто место освои Охриѓанецот од Скопје Нино Новески .Љубиша Бошевски од Битола дојде до уште една финална маса исто како и победникот од претходниот ден Спасе Кленковски кој синоќа заврши 9ти и со вкупно 41.35 поени веќе е во топ5 ! Важни поени освоија и Методи Алексов на 10то место и Александар Карадакоски на 11то.Братот на победникот Никола Пешев се пласира на 12то место пред Младен Веселиновски од Тетово на 13то.
Гевгеличаните Мики Јованов и Стипе Жарко беа 14ти односно 15ти ! Следниот турнир е во петок, а регистрациите се отворени.
Утре ќе ја објавиме најновата табела. “ стои во вчерашниот извештај на Macedonian Poker Federation.



