Македонскиот фудбалски репрезентативец Даниел Аврамовски, зад себе ги остави повредите и административните проблеми, па денеска конечно го имаше своето деби во турската Суперлига, откако уште летоска од Вардар се пресели во Кајзериспор.
Кајзери победи на гостувањето кај директниот конкурент за опстанок, Денизлиспор, со 1:0, а Аврамовски беше стартер и играше до 75-та минута. Инаку, во почетниот тим Кајзериспор имаше само еден турчин и десет странци, меѓу кои најпознат е англичанецот Арон Лемон, поранешен англиски репрезентативец и член на Тотенхем и Евертон.



