Првото аргентинско-бразилско полуфинале во Копа Либертадорес им припадна на ,,Кариоките”, откако Палмеирас со убедливи 0:3 го надигра големиот тивал тимот на Ривер Плејт среде Буенос Аирес. Ова е изненадувачки резултат и еден од најтешките и најболни порази за јужноамериканскиот првак од 2019 година под водство на тренерот Марсело Гаљардо.
Головите за Палмеирас ги дадоа Рони, Луиз Адријано и Виња. Сега на Ривер за пласман во финалето ќе им треба чудо на реваншот во Сао Пауло. Вечерва е втора рунда од аргентинско-бразилските дуели. Бока Јуниорс го пречекува Сантош.
Финалето е на 30-ти јануари на ,,Маракана” на Рио де Жанеиро и тоа ќе биде вистински спектакл, без разлика кои два тима ќе се сретнат во мечот за титула. Копа Либертадорес возбудувањата се секогаш на највисоко ниво.