Вториот натпреварувачки ден во алпско скијање во женска конкуренција, а воедно прв во слалом, се одржа денес во Леви, Финска.
Првопласираната после првата серија, Петра Влхова, успеа накрај и да триумфира, по вторпат во Леви, односно првпат после 2017. За словачката репрезентативка, ова бешевтор подиум во низа, откако беше трета на првиот велеслалом во Зелден.
Микаела Шифрин (+0:18) ја отскија својата прва трка после триста денови и се пласира на второто место, а подиумот го комплетира Австријката Катарина Линсбергер (+0:52).
Сите останати скијачки имаа заостаток поголем од една секунда, а во првите десет се пласираа Мишел Жизен, Венди Холденер, Ирене Куртони, Лоренс Сен Жермен, Катарина Трупе, Марта Басино и Мина Фирст Холтман.



