Вардар го совлада Борец на домашен терен и му го нанесе првиот пораз, откако попладнево славеше во Велес со 2-0 во премиерниот меч од 12 коло во најелитното фудбалско натпреварување во Македонија.
Првото полувреме се одигра со голем број шанси на двете страни, но без реализација, па натпреватор замина на пауза со резултат 0-0.
Шансите на стадионт во Велес продолжија и во второто полувреме, а на премиерниот гол се чекаше до 79 минута, кога при контранапад на Вардар Попзлатанов биеше прецизно од работ на шеснаесеттикот по асистенцијата на Најденов.
Конечните 2-0 ги постави Цветановски на асистенција на Попзлатанов во судиското продолжение
За актуелниот првак ова е прва победа во ПМФЛ по пауза од четири кола, а прв домашен пораз за велешани.