
Токму пред крајот на регуларната сезона, кога се одлучуваат патниците во плејофот, Витјаз Подолск влезе во одлична серија од осум победи на девет пресметки.
Денес, ,,Витезите” успеаја да запишат победа од минимални 1-0 против Нефтехимик Нижнекамск и да го задржат шестото место на Западот.
Од друга страна, Нефтехимик остана на деветтата позиција во Источната конференција, но има само два бода помалку од осмопласираниот Амур Хабаровск.
На натпреварот, единствениот гол падна уште во втората минута, а негов стрелец беше Владислав Кара.
Во продолжение и двата голмани, односно Максим Дорожко (26/26 за петти шут-аут) од Витјаз и Андреј Тихомиров (45/46) имаа одлични партии што резултираше со минимален офанзивен учинок.