Во шестиот меѓусебен натпревар во историјата, Виена Капиталс по шести пат го поразија составот на Валпустерија.
Во единаесеттото коло од тековната сезона на хокеарската ИЦЕ Лига, претставниците на Австрија ги декласираа Италијанците со 1-9.
За поразениот состав, единствен стрелец беше Филип Ал на почетокот на втората третина за намалување на тогашни 1-4.
На спротивната страна, хет-трик постигна Метју Бредли, двапати реализираше Жереми Грегуар, а по еден гол имаа Алекс Вол, Џејмс Шепард, Патрик Антал и Јаник Пилони.
На табелата, Валпустерија остана на последното место, додека Виена скокна на седмата позиција.