
Во единаесеттото коло од турската Супер лига, Анталјаспор го совлада Истанбулспор со 2-1.
За двете екипи, ова беше прв меѓусебен дуел после 2008 и прва домашна меѓусебна победа за клубот од Анталија после 2006.
На мечот, гостите од Истанбул поведоа со голот на Ади Мехремиќ (26′), а домаќините израмнија пред крајот на првото полувреме, благодарение на Фернандо (45+2′).
Во период од единаесет минути, Албанецот Едуард Роча (61′) заработи втор жолт картон и го остави Истанбулспор со десетмина на теренот.
Избраниците на Алфонс Гренендајк ја искористија играчката предност дури во 90+7′, кога прецизно биеше Вејсел Сари.
Во лигата, Анталјаспор изби на тринаесеттата позиција, носејќи го денешниот ривал во ,,црвената” зона на шеснаесеттото место.




