Првиот натпреварувачки ден по рестартот на тековната НБА сезона не можеше да понуди подобро дерби од она на Лос Анџелес помеѓу Лејкерс и Клиперс.
Двете екипи, а воедно и двата ривали, се наоѓаат на првите две места на Западната конференција. Синоќа, до победата стигнаа Лејкерс и тоа со резултат од 103-101, откако ЛеБрон Џејмс го заби победоносниот кош на 12,8 секунди пред крајот.
Во првото полувреме, Лејкерс имаа предност и од тринаесет разлика, којашто во второто полувреме се претвори во предност од единаесет поени во корист на Клиперс.
Најефикасен играч на мечот беше Ентони Дејвис (Лејкерс) со 34 поени, 8 скокови и 4 асистенции. Дејвис имаше дваесет поени на полувремето што за него, ова е деветнаесетти натпревар сезонава со таков учинок (20+ поени на полувреме). Неговиот соиграч, ЛеБрон Џејмс, заби 16 поени, а на тоа придодаде и 11 скокови и 7 асистенции. Од редовите на Клиперс, најефикасни беа Пол Џорџ (30 поени, 5 скокови и 3 асистенции) и Каваи ленард (28 поени, 3 скокови и 4 асистенции).