Синоќа, екипите на ЛА Анџелс и Сиетл Маринерс го одиграа третиот последователен меѓусебен натпревар. На првиот дуел, ЛА Анџелс дојдоа до убедлива победа од 10-2, додека на вториот, Сиетл возврати со 7-10.
На синоќешниот меч беа постигнати вкупно четири хоум-рани односно по два на секој тим. Стрелците за Анџелс беа Макс Стаси и Шоеи Охтани, додека за Маринерс стрелаа Хозе Мармолехос и Шед Лонг Џуниор. Во пресрет на деветтиот ининг, резултатот изнесуваше 2-3 во корист на Сиетл, коишто го добија истиот со 3-5 и накрај славеа со 5-8.
Со оваа победа, Сиетл има учинок од 3-4 и се наоѓа на третата позиција на Западната дивизија на Американската лига, додека во истата дивизија, Анџелс се последни (петти- со учинок од 2-5.