
Терезе Јохауг го освои својот трет златен медал на ЗОИ 2022, откако денес беше убедлива на последниот олимписки настан во крос-кантри.
Норвежанката постави време од 1:24:54,0 на трката на триесет километри и во потполност ги натскија своите ривалки.
Актуелната освојувачка на Светскиот куп, Џеси Дигинс (+1:43,3), беше единствена со заостаток под две минути, доволно за сребрено одличје.
Сè до последните петстотини метри, третото место во рацете го имаше Еба Андерсон (+2:41,5), која накрај заврши дури на осмата позиција.
Од скијачките што го приредија завршниот напад, најдобра беше Керту Нисканен (+2:33,3), освојувајќи бронза после среброто на десет километри.
Помеѓу Нисканен и Андерсон се пласираа: Јона Сундлинг (+2:35,4), Татјана Сорина (+2:37,2), Роузи Бренан (+2:38,7) и Делфин Клодел (+2:40,0).