Денешната програма на Светското првенство во биатлон ја донесе поединечната мешана штафета, односно тимската трка на 12,5 километри.
Станува збор за репрезентации, составени од по еден машки и од по еден женски претставник.
Накрај, како шампиони излегоа Французите, односно Антоан Жигона и Жулија Симон, кои ја поминаа патеката за 36:42,4 минути.
Во неизвесниот финиш, Норвежаните дојдоа до среброто (+2,8), предводени од Јоханес Тингнес Бо и од Тирил Екоф, кои ѝ го донесоа осмиот медал на својата држава.
Подиумот го комплетираа Швеѓаните, односно Себастијан Самуелсон и Хана Оберг (+22,6), за петтиот шведски медал на тековното СП.
Одличното стрелање на Артјом Прима и на Дарија Блашко, со 18/20 погодени мети, ја искачи Украина на четвртото место (+35,9), а грешките и дополнителниот круг на Доротеа Вирер и на Лукас Хофер ја спуштија Италија на петтата позиција (+55,2).
📸 Nils Louna/Agence Zoom/Getty Images