Екипата на Авангард Омск цели кон второто место на Истокот по крајот на регуларната сезона.
Во походот, значително допринесе и денешниот триумф од 0-3 над Сибир Новосибирск, кој им донесе на ,,Јастребите” предност од четири поени во однос на третопласираниот Металург Магнитогорск на четири меча до крајот.
Денес, Авангард во потполност го надигра Сибир, дозволувајќи му само 14 удари кон својот гол, кои, без проблеми, беа стопирани од голманот Симон Хрубец.
Од друга страна, мрежата на Хари Сатери ја затресоа Рид Бушер во првата, односно Кирил Семјонов и Јегор Чинахов во третата третина.
📸 Пресс-служба ХК «Авангард»