ЖФК/ФК Атлетико од Битола го крена нивото на работа и на професионализам како на останатите европски клубови. Првиот тренер воедно и градител на овој клуб, Никола Гелевски ги запазува сите стандарди и гради успешна фудбалска приказна во Битола. По освоената минатосезонска титула во помалите категории тимот оваа сезона сака на ниво на сите генерации да се освојат сите шампионски титули за потврда на нивниот квалитет.
Тренажниот процес се одвива нормално, секојдневно, се запазуваат сите епидемиолошки мерки, тренинзите се разновидни и интересни, а секој нов ден имаат се повеќе членови од најмала возраст.
,,Сите заинтересирани девојки од 6 години до 16 години кои сакаат да се зачленат во нашиот клуб ве очекуваме секој Понеделник, Среда, Петок и Сабота на ,,Ќумурното Игралиште” (Павел Шатев). Тренинзите се одржуваат и предпладне и попладне. За повеќе информации пишете ни во инбокс. На видеото можете да видите како се одвива еден наш тренинг” – изјави за јависејужна.мк Никола Гелевски.
Извор и видео: ZFK Atletiko Bitola