Македонската репрезентација во Традиционално карате по кој знае кој пат го истакнува својот рејтинг и од сите големи настани се враќа со успешни резултати и многу одличја.
На онлајн Медитеранскиот шампионат во кати на ИТКФ Македонија освои пет медали од кои што по два златни и бронзени и еден сребрен медал. Златни одличја освоија Александра Стојановска во кадетска и Мила Саздова во јуниорска конкуренција, единствениот сребрен медал го освои Дејан Недев, додека бронзата им припадна на Аљоша Недев кај сениорите и Максим Илиев во кадетска конлонкуренција.