
Во рамките на 21. коло од босанската Премиер лига, Жељезничар и Сараево го одиграа 145. вечно градско дерби.
На него, за првпат после 30 ноември 2019, славеше Жељезничар, кој денес го надигра својот ривал со 2-0.
Номиналните домаќини беа подобри во текот на целиот дуел и поведоа со голот на Армин Хоџиќ (31′).
Во судиското продолжение на првото полувреме, Сараево остана со играч помалку, откако директен црвен картон доби Амер Дуповац (45+2′).
Во вториот дел, ,,Сино-белите” ја држеа контролата во свои раце и го поставија конечниот резултат во финишот преку Ермин Зец (90′).
На табелата, Сараево остана на четвртото место, додека Жељезничар изби на петтата позиција со два бода заостаток во однос на денешниот противник.
Во пресрет на дербито, навивачките групи, Манијаци и Хорде Зла, направија нереди при кои имаше и повредени лица.