
АК Барс Казањ е третиот полуфиналист на тековната КХЛ сезона.
Во четвртфиналето, ,,Зелените” го елиминираа Адмирал Владивосток со конечни 4-2, освојувајќи го шестиот дуел со 1-3.
Заклучно со третата минута од втората третина, победниците веќе водеа со 0-3, а стрелци беа Илја Сафонов и Никита Динјак (х2).
Од друга страна, последниот гол во сезоната за Адмирал го постигна Николај Чебикин во вториот период.
Во конференциското финале на Истокот, АК Барс ќе ги одмери силите со Авангард Омск.