
Светскиот куп во крос-кантри заврши со трките по масовен старт на дваесет километри во финскиот Лахти.
Во женска конкуренција, до првата победа во кариерата дојде Ане Шерсти Калваа (51:04,3), откако во завршниот спринт ги натскија Јона Сундлинг (+0,9) и Катарина Хених (+1,1).
За две десетинки, без пиедестал остана Еба Андерсон (+1,3), а во водечката група беа уште Керту Нисканен (+3,3) и Фрида Карлсон (+4,6).
Петтата позиција и’ беше доволна на Нисканен за освојување на поредокот во трките на дистанца, додека светската титула ја доби Тирил Уднес Венг.
Во машка конкуренција, Јоханес Клебо (44:13,0) ја оправда светската круна со дваесеттиот триумф во сезоната за израмнување на легендарниот рекорд на Терезе Јохауг.
Како второпласиран заврши неговиот сонародник Паал Голберг (+5,4), кој го доби малиот кристален глобус за долгите трки, а третопласиран беше Вилијам Порома (+6,0) од Шведска.
Во водечката група се наоѓаа уште: Микаел Гунулфсен (+6,7), Симен Хегштад Кругер (+7,9), Харалд Остберг Амундсен (+8,1), Дидрик Тонсет (+8,2), Антоан Сајр (+8,4), Ииво Нисканен (+8,6), Ендру Масгрејв (+8,9) и Мартин Левстром Нингет (+11,7).